Slide 1
Марина Крстиќ
Работните листови

Работните листови ,, СЕКОЕ ДЕТЕ МОЖЕ ДА УЧИ “ се работни листови пред се за деца со пречки во развојот, кои содржат едукативни активности и вежби за стимулација за десет области и се наменети за подобрување на процесот на едукација и рехабилитација на децата со пречки во развојот, со цел полесно совладување на едукативните содржини.

Slide 2
Марина Крстиќ
Работните листови

Работните листови ,, СЕКОЕ ДЕТЕ МОЖЕ ДА УЧИ “ се работни листови пред се за деца со пречки во развојот, кои содржат едукативни активности и вежби за стимулација за десет области и се наменети за подобрување на процесот на едукација и рехабилитација на децата со пречки во развојот, со цел полесно совладување на едукативните содржини.

previous arrow
next arrow

м-р Марина Крстиќ

Едукативни активности и вежби за 10 области

Рецензија за работните листови за деца со пречки во развојот

Зошто се создадени
работните листови
СЕКОЕ ДЕТЕ МОЖЕ ДА УЧИ

Едукативни активности и вежби за 10 области

Ракописот под наслов „Секое дете може да учи“ е наменет за практичарите од областа на специјалната едукација и рехабилитација. Покрај тоа, тој може да послужи и на студентите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје. Родителите како битна алка во едукацијата на едно дете, секако дека ќе можат да најдат корист од овој прирачник.

Работните листови за деца со пречки во развојот ,, Секое дете може да учи“ се во А4 формат, изработени се во боја , 165 страни, во истите се запазени принципите на работа со деца со пречки во развојот, според методологиите за работа и едукација кај  децата и лицата со пречки во развојот и составени се од едукативни активности и вежби за стимулација за десет области и тоа:

Броеви

Во третиот дел, Броеви, колешката на интересен и оригинален начин ги претставува броевите од 1 до 10.

Букви

Понатаму следува делот во кој се објаснуваат Буквите од македонската азбука.

Сетила

Во следното поглавје Сетила, авторката се задржува на основните сетила.

Бои и Форми

Боите и Формите се следните два дела што се мошне пластично обработени во предложениот ракопис.

Емоции

Темата Емоции е следната во предложениот ракопис. Во неа се прикажани разните емоции како радост, среќа, тага, изненаденост, лутина, страв, замор, исцрпеност, вознемиреност, срам и нервоза.

Фина моторика и линеација

Предложениот ракопис започнува со вежби за фината моторика и линеација, каде што м-р Крстиќ прикажува најразлични цртежи со испрекинати линии.

Делови на тело, телесна шема, латерализација

Деловите на телото се следниот дел на ракописот. Преку запознавањето на основните делови на телото децата учат да се себеспознаваат и да направат разлика на сопствениот дел на организмот од туѓиот.

Прибор за лична хигиена

Делот Културно-хигиенските навики е битен за секојдневното одржување на хигиената и целокупното здравје на една личност.

РЕЦЕНЗИЈА НА РАКОПИСОТ
„СЕКОЕ ДЕТЕ МОЖЕ
ДА УЧИ“
од м-р МАРИНА КРСТИЌ

Работните листови „Секое дете може да учи“, тргнувајќи од целта да го олеснат и унапредат процесот на воспитание и образование, пред се описменување на децата и учениците со различни видови на попреченост, првенствено се наменети за специјалните едукатори и рехабилитатори, но секако огромен придонес ќе дадат и во работата на сите одделенски наставници. Шареноликоста, концизната поставеност, опфатот на голем број теми и подрачја го прави овој ракопис корисен за родителите при реализација и повторување на содржините од училиште.

            Ракописот во облик на работни листови се состои од девет дела: Фина моторика и линеација, Букви, Броеви, Бои, Форми, Делови на тело, Сетила, Емоции, Културно хигиенски навики, покрај наведените вклучува и користена литература со прилози, срочени на 165 страни, со изобилство на слики.

м-р Марина Крстиќ

ЗА АВТОРОТ

Образовен профил: специјален едукатор и рехабилитатор и магистер од областа на образование и работа со надарени и талентирани деца
Работно искуство
15 години работно искуство во областа на едукација и рехабилитација на деца и лица со пречки во развојот

Детални информации за содржините
во работните листови

РЕЦЕНЗИЈА НА РАКОПИСОТ
„СЕКОЕ ДЕТЕ МОЖЕ ДА УЧИ“
од м-р МАРИНА КРСТИЌ

Првиот дел од работните листови е посветен на основните вежби за развој на графомоторните способности кај учениците. Составен е од низа на вежби со кои се стимулира и развива фината моторика, диференцијација на моториката на прстите и развој на линеација. Вежбите се поставени градациски, почнувајќи од следење на модел на едноставни линии во различна насока, па се до лавиринти и копирање на сложени форми и фигури. Вежбите за линеација се надополнети со различни практични вежби со кои се овозможува диференцијација на моториката на прстите, латерализација, развој на око-рака координација, што е неопходно за совладување на графомоторниот чин.
Вториот дел од работните листови, м-р Крстиќ го исполнува со вежби за почетно пишување и читање, со кои се овозможува описменување на учениците. Претставени се големите и малите букви од македонската азбука, дадени се вежби за нивно копирање преку следење на модел, а истите се дополнети со вежби за визуелна и аудитивна дискриминација на буквите во иницијална, медијална и финална положба во зборови.
Во следниот дел авторката ги обработува броевите од 1 до 10, најпрво копирајќи ги преку даден шаблон, потоа пишувајќи ги со слободна рака. За правилно и прецизно усвојување на броевите, како и поврзување на бројната вредност со соодветна количина, авторката издвојува вежби на поврзување, броење на предмети во дадено множество и пишување на бројната вредност. Како и во претходните делови, на крајот на поглавјето дадени се практични примери за усвојување и потврдување на знаењето.
Четвртиот дел е посветен на усвојување на боите, каде на почетокот преку предмети од секојдневниот живот претставени се сите бои, а потоа се дадени вежби на поврзување на боја со соодветен предмет, правилно боење на слика, боење по шема, заокружување на предметот или сликата со бараната боја.
Петтиот дел од работните листови се однесува на изучување на формите: триаголник, круг, квадрат, правоаголник. Дадени се вежби за прецртување по шаблон, поврзување на две исти фигури. За развој на меморијата, визуелната дискриминација, ориентација во простор, авторката потоа дава вежби за следење на низа на форми, препознавање на форма која се разликува од останатите, пронаоѓање на форми во дадени фигури и нивно поврзување со бројна вредност.
Ориентацијата во микро и макро просторот, латерализацијата, совладувањето на графомоторниот чин зависат од усвоеноста на телесната шема, а со таа цел м-р Крстиќ во шестиот дел ги обработува деловите од телото низ повеќе различни вежби и примери.
Телесната шема е директно поврзана со сетилата и нивната примена, па затоа во следниот дел обработена е сензорната интеграција, поточно сетилата кај човекот и нивната функција. Авторката дава низа на примери и вежби за начини на правилна стимулација на развојот и користењето на сетилата, што е од особено значење кај децата со различни видови попреченост, заради се поголемиот број на проблеми во сензорната интеграција, кои понатаму водат до тешкотии во учењето и мноштво на секундарни проблеми.
Заради честите проблеми во диференцирање на емоциите од моториката кај учениците со попреченост, како и потешкотиите во препознавање и соодветно реагирање на дадени емоции или во одредени ситуации, осмиот дел е посветен токму на препознавање на емоциите и начин на нивно искажување, односно поврзување на одредена емоција со животна ситуација.
Работните листови завршуваат со вежби за културно-хигиенски навики. Дадени се прикази на предметите кои се користат за стекнување и одржување на културно-хигиенски навики, како и начинот и местото на нивно користење. Совладувањето и применувањето на културно-хигиенските навики го олеснува процесот на социјална интеграција и образовна инклузија на учениците со попреченост.
По обработените содржини, во делот прилози авторката дава кратко и прецизно објаснување за значењето на секое од обработените подрачја и проблемите кои се појавуваат како резултат на нивно не совладување.

ЗАКЛУЧОК

            Преку анализата на содржините дадени во ракописот може да се констатира дека авторката м-р Крстиќ успеала да создаде труд кој во потполност ги задоволува барањата и критериумите неопходни за совладување на графомоторниот чин и линеацијата. Содржините се соодветно осмислени, градациски поставени, јасни и концизни, стилот на пишување и поставување на задачите е лесно разбирлив и прецизен. Ваквата конципираност на градивото ги запазува и принципите на работа при почетно читање и пишување како и методиките на работа со ученици со различен вид на попреченост, со што му овозможува широка примена во восптино-образовната работа со ученици со пречки во развојот, но и ученици со невротипичен развој. Во таа насока, топло ги препорачувам работните листови на сите специјални едукатори и рехабилитатори, одделенски наставници, воспитувачи, родители како и студенти кои работат во полето на описменување и совладување на графомоторниот чин и линеацијата кај сите деца и ученици.

Зошто се создадени работните листови
СЕКОЕ ДЕТЕ МОЖЕ ДА УЧИ

Родители, наставници, воспитувачи,
стручни работници, образовни асистенти

           Овие работни листови настанаа како дел од мојата долгогодишна работа, искуство и пракса со децата и лицата со пречки во развојот. Со издавањето на работните листови сакам да го пренесам моето искуство, како стручно лице, бидејќи  долги години работам активно на полето на создавање на подобри услови и можности за унапредување на квалитетот на живеење на децата и лицата со пречки во развојот. Сакам да им дадам поддршка на сите оние кои се спремни да ја унапредуваат својата работа и работата со овие деца.

Децата со пречки во развојот имаат потешкотии во учењето. Предвидените содржини ги совладуваат потешко, бавно, долготрајно, со низа проблеми поради нивната целокупна психофизичка состојба во која се наоѓаат. Најголемиот дел од нив имаат краткотрајно внимание, концентрација, помнење, потешкотии со фината моторика, а често се присутни и дисграфија, дискалкулија и дислексија. Повеќето од децата со пречки во развојот учат на конкретно ниво и сите активности и содржини кои ги задаваме потребно е да бидат сведени на тоа ниво за да можат истите да бидат совладани.

Зошто се создадени работните листови
СЕКОЕ ДЕТЕ МОЖЕ ДА УЧИ

Имајќи во предвид дека во текот на работата со овие деца наидувавме и наидуваме на потешкотии со едукативниот материјал кој треба да се користи за нивна едукација и рехабилитација, а никако не треба да биде идентичен со едукативниот материјал за децата кои немаат пречки во развојот, одлучив и се охрабрив да направам чекор напред и да создадам нешто што ќе биде од корист, помош и широка примена за сите нас. Преку деветте области кои се опфатени во работните листови: вежби за фина моторика и линеација, букви, броеви, форми, бои, делови на тело, сетила, прибор за јадење и лична хигиена, се овозможува нивно полесно и поефикасно совладување од страна на децата со пречки во развојот и истите го претставуваат основното скалило кое е многу важно да се совлада, за да може понатаму да се совладуваат посложени содржини.

Исто така работните листови можат да ги користат и деца со тишичен развој, како вежбанка и тоа на предшколска возраст па се до второ одделение. Нагласувам дека тука се само дел од областите кои се работат со овие деца, за кои сметав дека се базични, но во иднина се надевам дека ќе успеам да ги обработам сите области и да ги издадам во нови работни листови.

,,АКО ДЕТЕТО НЕ МОЖЕ ДА УЧИ НА НАЧИНОТ НА КОЈ НИЕ ГО УЧИМЕ
ТОГАШ МОРА ДА ГО УЧИМЕ НА НАЧИНОТ НА КОЈ ТОА МОЖЕ ДА УЧИ “
(непознат автор)

,, ДЕЦАТА СЕ СЕКОГАШ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЧУДО’’ - Олга Мурајаова
,, ДЕЦАТА СЕ ИСТИ И КОГА СЕ РАЗЛИЧНИ’’ - непознат автор

Нарачка на работните листови може да направите online на facebook страната
СЕКОЕ ДЕТЕ МОЖЕ ДА УЧИ
работни листови за деца со пречки во развојот
Работните листови можат да се најдат во книжара Македонска книга Битола