ЗА АВТОРОТ
м-р МАРИНА КРСТИЌ

Образовен профил: специјален едукатор и рехабилитатор и магистер од областа на образование и работа со надарени и талентирани деца

Работно искуство: 15 години работно искуство во областа на едукација и рехабилитација на деца и лица со пречки во развојот

Неформално образование

  • IV меѓународна научно- стручна конференција „Унапреџење квалитета живота дјеце и младих‘‘- 19-21.06.2015 год., Охрид (активно учество со научен труд со наслов: Здрав и невротски перфекционизам кај натпросечно успешните ученици од основно образование‘‘)
  • IV- стручно научен собир со меѓународно учество – Научна конференција „Актуелности у едукацији и рехабилитацији особа са сметњама у развоју‘‘
  • 24- 25.10.2015 год, Београд (активно учество со научен труд со наслов: Електроакупунктура као савремени облик третмана у рехабилитацији деце са сметњама у развоју‘‘)
  • Сертификат за обука, Train-the-trainer program on coaching and professional assistance services to integrate young persons with disabilities into 1st labour market, Скопје, 09.2018- 06. 2019 од WINWORK Австрија.
  • Research in pedagogy vol.5, No.1, year 2015. 22.06 (објавен труд во списание со наслов: The impact of socioeconomic status on the occurrence of perfectionism in primary school gifted students.)
  • Сертификат за обука ” Autism and behavioural therapeutic intervention techniques”- 5-6.12.2015, Скопје
  • Сертификат за обука „ Empowering Relevant Actors for Social inclusion at Local level, Phase 2- Project cycle management for social inclusion”- 2014 година, Скопје
  • Обука „ Empowering Relevant Actors for Social inclusion at Local level, Phase 2- Crisis intervention”- 2014 година, Скопје
  • Обука ‘‘Дијагностика и третман кај деца со развојни нарушувања‘‘- 13-14.04.2013 година, Скопје
  • Член на тимот кој за прв пат во Р.М. воведе сензорна соба во Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост- Битола, а работната терапија која ја работам со лицата со пречки во развојот прерасна во проект на државно ниво во сите Дневни центри кој беше под името ,, Инклузивни и креативни‘‘.
  • Информативно списание ‘‘Дефектолошка теорија и практика‘‘- Вол.14 бр.1-2, 2013 год., Скопје (објава на статија со наслов: Значењето на мултисензорната стимулација во процесот на рехабилитација кај лицата со пречки во развојот‘‘
  • Teacher- international journal- sept. 2013 Vol.5 (објава на труд со наслов: Perfectionism and gifted’’
  • Oбука за ISO 9001:2008- систем за управување со квалитет на услугите согласно ИСО 9001:2008, 25-26.04.2013 год., Битола
  • Проект „Поттикнување на социјална инклузија и инклузивен пазар на труд‘‘- учество на работилница „Добри практики: дефеинирање на критериуми и идентификација‘‘- 20.06.2012, Битола
  • I стручно научен собир со меѓународно учество „Актуелности у едукацији и рехабилитацији особа са сметњама у развоју‘‘- 14-15.12.2012 год., Шабац (активно учество со труд со наслов: Мултисензорна стимулација као савремени облик третмана код деце са сметњама у развоју)
  • III меѓународна конференција „Инклузија у предшколској установи и основној школи: квалитет, праведност и доступност образовања‘‘- 15.06.2012 год, Сремска Митровица (активно учество со научен труд со наслов: Компетентност наставника из основних школа за инклузивно образовање)
  • Меѓународен научно-стручен собир „Инклузивно образование состојба и предизвици‘‘ 17-19.05.2012 год Струмица (активно учество со научен труд: Ставови, мислења и компетенции на наставниците од одделенска настава за инклузивно образование во основните училишта)
  • Меќународна конференција- 60 години воспитание, образование, рехабилитација и вработување на лицата со инвалидност во Р. М., 27-29.05.2010 година, Битола
  • Учество на многубројни обуки од страна на Завод за социјални дејности, Скопје и МТСП на Р.С.М.

Работните листови „Секое дете може да учи“, тргнувајќи од целта да го олеснат и унапредат процесот на воспитание и образование, пред се описменување на децата и учениците со различни видови на попреченост, првенствено се наменети за специјалните едукатори и рехабилитатори, но секако огромен придонес ќе дадат и во работата на сите одделенски наставници. Шареноликоста, концизната поставеност, опфатот на голем број теми и подрачја го прави овој ракопис корисен за родителите при реализација и повторување на содржините од училиште.

            Ракописот во облик на работни листови се состои од девет дела: Фина моторика и линеација, Букви, Броеви, Бои, Форми, Делови на тело, Сетила, Емоции, Културно хигиенски навики, покрај наведените вклучува и користена литература со прилози, срочени на 165 страни, со изобилство на слики.

Што другите кажуваат за мене

Ги препорачувам на сите. Многу корисни работни листови за секое дете. Радост е да се работи со дечињата со вакво помагало. Понатаму очекуваме уште нови содржини за помош при совладување на наставата.
Горданка
Одлично скоцкано, материјалите можат многу да им корситат на сите кои се вклучени во образовниот процес.Секоја чест за реализираната идеа
Татјана
Денес ми пристигнаа работните листови,Ви се заблагодарувам пред се, предобри се. Ти поскаувам премногу успеси понатака и чекаме нови изданија!
Виолета
Книгите пристигнаа.Ќерка ми се фрли на работа веќе, а мислам дека и за детето чии образовен асистен сум јас,ќе биде среќно при процесот на учење.Фала ви многу!
Маја